Потоа пак свалка грутка и ја насочи кон изворот, кон дрвјата што беа над него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не знаев како го сторив тоа можеби со сунѓер, создаден во моите мисли.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тие двајца гардисти што се веселеа се доближуваа со бавни чекори кон дрвото на кое бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тогаш тој отстапи кон дрвјата, скимтејќи по белината, со свиткан опаш меѓу нозете; пред него, или пред денот, којзнае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој мисли дека „односот човек-дрво мора да поприми религиозни значења“ бидејќи нас единствено љубовта кон дрвото може да нè спаси од смртта.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Морам да признаам дека тоа лице и таа насмевка веќе ја имав забележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го кренав погледот кон дрвото од чија што крошна се истураше празничната музика кога наеднаш ја здогледав индивидуата потпрена на стеблото и загледана во нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
В миг сите очи се свртија кон дрвото што беше во рацете на Аритон Јаковлески.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Станав, се приближив до прозорецот. Клара покажуваше кон дрвата во паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Мрачно е,“ реков, „не гледам ништо.“ „Нешто виси на едно од дрвата. Нешто или некој.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)