кон (предл.) - градина (имн.)

Седнав крај летната тераса чии скали се спуштаа кон градината, на педесетина метри близу морето. Есента беше дамна во залез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледнав од терасата која скалесто се спушташе кон градината. Морето блескаше со својата синевина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
22 Мими трчаше пред сите, ја отвори влезната врата откај улицата кон градината и застана зачудена: темјанушки, нарциси, зумбули, лалиња...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За деконструкционстичкото преведување е значајно тоа што тој упатува на смислата на патишта или начини што водат до некое место како што вратата води кон градината, или патот води кон градот, изразувајќи смисла на распостилање или протегање кон нешто.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)