Во едниот случај, патот води кон вода и треба внимателно да се вози; во другиот, планинската патека е безбедна за козорогот, но не и за јавачот. 192 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Главните надежи за изнаоѓање нови и моќни извори на слатка вода се упатени кон водите на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се приближив кон водата, клекнав на коленици и брцнав со рацете во неа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Додека јас ставав цвеќе на мртвата земја, тој се оддалечи кон водата подолу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Исто и за дрвјата, освен за одредени омилени примероци како што се разгранетата кванзан цреша и зуми на тревник свртен кон вода; исто така и за домашните растенија и сите други предмети и ствари, секогаш со можност за одвоено простување, на пример, од поединечни песни, но и од Поезијата; од посебни места, но и од Географијата, Терените, Лкациите; од швајцарските воени ножеви генерално, но посебно од оној верен примерок во џебот од вашите панталони.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Златната пена на нејзината коса блескала под косиот поглед на сонцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколку луѓе лежеле згрчени во мртов сон, неколцина го гонеле жедниот добиток кон вода со насмолени очи на волшебници и маѓосани врз мугреното смирување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Изгубен и жеден, се наведна над проѕирниот поток и ги подаде усните кон водата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Градот слегувал кон водите низ времето а никако да излезе од зелениот превез.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)