кон (предл.) - вечност (имн.)

Секоја телесна победа во американскиот пионерски митем, стар полни 500 години и сѐ уште млад, доживува одобрување од околината. Michael Jackson - жива гумена кукла, симбол за американското тело кое самото себе се дизајнира и редизајнира, тело кое метаморфозира, кое од црно станува бело, тело кое тежнее кон вечност - доживува општ аплауз.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чувство на возвишена убост од преголема емоција, таква каква што има виолината на Паганини кога ја свири најпробојната мелодија, онаа која те приближува кон вечноста, онаа која те прочистува до сржта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го виде и сплаварот со качулката како се пазари со Томо земајќи му ги парите за патот кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Една голема вистина која не сакав да ја понесам на моето патување кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми требаат само да ја ѕирнам нивната судбина. Денеска не возам кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првин ја дотера главата со набрчканото чело, потоа подвиснатите образи, па брадичето, ушите со звуците во нив, свитканите веѓи, шарата врз успуканите усни и на нив зборот што не го беше иустил, горчливиот вкус на непцата, сјајот во очите загледани во небото со занес и некако гордо,достоинствено, а потоа и погледот онаков каков што му прилега на човек упатен кон Вечноста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таков беше мојот анти-херој на Картагина, во времето кога самопрогласениот херој на вечната Картагина Хабиб Бургиба беше запрен во својот митски од кон вечноста. Останав загледан кон морето, кон брановите, во нивното вечно пристигнување и размислував за заминувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток, следејќи го пулсот на владетелите одблизу во мојот живот, посебно во дипломатските години, владетелите, како Тито, Арафат или Бургиба, не само што самите ја немаа моќта да ја разберат и да се прилагодат на филозофијата на Монтењ, туку во своето неверување, неприлагодување на крајот, свртени кон вечноста низ владеење, најчесто го повлекуваа и народот со кој владееја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој е толку пак спокоен што посакува да ѝ го покаже патот кон вечноста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)