Отец Симеон го сврте погледот кон браќата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А него зошто не го тепаш? покажуваше кон брата си. Стариот се веднеше. Така.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не навистина, нема да се зарадува.“ * Кога го виде коњот, Отец Симеон не се зарадува и не ја совлада омразата кон браќата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Очите на Даниел се свртија кон брат му. Френк не рече ништо.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ни беше кажано да не крадеме, да не убиваме, да не вршиме прељуба, да не грешиме кон браќата свои, оти гревовите наши носат казна, та сите ние преку Божјата казна ќе плаќаме за своите недела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И големината на бесмртната човечка душа е токму во тоа да си го прости себеси гревот свој кон брата си, гледајќи дека и овој му го простил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И секому во смртта ќе му се пресече колку што самиот си измерил во животот свој.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Никогаш не ги премолчуваше своите минати, па и сегашни гревови, својата суровост кон браќата свои, која, иако беше дел од неговиот претходен живот, сепак остана дел од него самиот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
ДВОЈНИК Се свртев кон брат ми.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Љубовта моја кон братот мој зрно е што поместува планини.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Томаица само го подбутна Васе и со раката му покажа да оди, а се сврте кон брата си кажувајќи му: „Се договарам со Љупка на Мирчевци да правиме нови кројки за фустани за на лето.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Постариот брат кренал рака на помалиот - како во Старозаветниот грев - Каин кон брата си Авела.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Поткажувало! А ми вети дека нема да и речеш на мама! Поткажувало!“ - низ плачење викаше Златко свртен кон брата си.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги свртивме погледите кон братот партиец, кој се бараше нешто да рече, па на крајот енергично пресече: – Пишете, место Сталинка, Слободанка, за нас Сталин значи слобода!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)