– А, така демек, а? – се разбесне кадијата. – Значи вистина било што велеше Селим-ага, дека вие не признавате ни цара, ни везира? – а кон беговите: – Сефедин, Селим, Бајрам, Суљо, Муарем, Фазли, Фета, Даут, Мамут... сите на работа со своите луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Омразата кон беговите во Крушевица и другите чифлизи, каде што робуваше неговото семејство, се разгоре во неговата бунтовничка душа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Денот на тргнувањето ќе ви го соопштам јас – рече беглер-бегот и им се обрна на аџиите. – А вие, Аџи-Јане и Аџи-Рампо ќе гледате да разберете каде ќе биде поголема нивната сила да можеме и ние со поголема таму да удриме – а кон беговите се обрна со последната заповед: – Гответе се ефендилер, да не се посрамотиме и овој сефер како досега, зашто за нас веќе нема место во царштината на големиот Падишах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)