Она што недостасува е носталгијата кон таа напуштена татковина.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Женски, брачни, мајчински: децата можеби со подозрение ќе покажуваат кон таа несреќница и ќе зборуваат со глас што таа ќе го слушне; мачката пак има буви, тие ќе ни влезат во софата; сопственото лице делува замачкано, тоа е поради жештината; дали е вклучена ринглата под гравот? мрачната болест на машината за перење алишта може да се повтори - баботи при испирањето, а ѕвечка при перење; господи боже, веќе е единаесет часот; кој од вас загубил една каљача?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Чаршијата е многу повеќе од тоа и треба респект кон таа древност, со многу повеќе внимание треба да се „пенетрира” во такви простори... Беди, ти си Турчин, одлично okno.mk | Margina #22 [1995] 81 ги познаваш и сегашните и некогашните „треперења” на овој, и покрај сѐ мултикултурен град, кажи ми за таа „турска” компонента на Скопје?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се назагнаа сите излезени минори кон таа дупка и пo дватри часовна работа изнесоа два опалени трупа и еден смачкан, но уште жив минер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Меѓутоа, според извештајот “ЕЛАС не сака независна Македонија“ и “кон таа цел ги имаат прилагодено и нивните вообичаени пропагандни методи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко, почувствува дека му претстои уште една тешка битка на патот кон вистината, кон таа балканска вистина во која да не е никогаш докрај да, како што не, не е докрај не !
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Чувствувајќи го ова, и Тито не отстапуваше од својата вообразеност кон таа цврста жена.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Почит само чувствувам за твојата мака, почит бескрајна кон таа рака, што тука ме доведе, кај што сум.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Решија да го наклеветат кај логотетот, собитие непостоечко и грев непостоен да му измислат, во прв погоден час, и сите нивни сили, душата цела, ја впрегнаа како волови да сѐ, кон таа насока и цел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бидејќи геј-мажите добиле прием во популарната култура токму со ставање во заграда или со обезважнување на карактеристично сексуалните димензии на нивните животи – видете го само успехот на филмовите и на телевизиските серии како што се Филаделфија, Вил и Грејс, Настрано окце за стрејт-дечкото, Кирија и Планината Броукбек – низа гласови се кренаа да го поддржат приговорот на Ворнер против десексуализирањето на геј-мажите. И јас придонесов кон таа критика, па нема да ги разврзувам тука истите претходни аргументи.102
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој момент знаев дека чувството кон таа друга мајка со ништо не го повредува чувството, љубовта кон мајката што не беше родила и што на така трагичен начин ја загубивме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По тие часови почнав да откривам и нови чувства кон таа жена, и покрај свесниот отпор што ме држеше на раздалеченост од неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кон таа крв чувствуваше некаков зазор, дури и Мојсеј, кој на еврејскиот народ му бил ослободувач, законодавец и основач на верата, го прогласуваше за не-Евреин, а од секоја негова реченица во која се наоѓаа не-Евреинот Мојсеј и Евреите, можеше да се почувствува што тој чувствува кон не-Евреинот, а што кон својот народ: „Како е можно еден единствен човек да постигне такво нешто, од индиферентни поединци и фамилии да формира народ, да му втисне конечен карактер и да му ја одреди судбината за цели милениуми?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Основата состојба на прозата мимезисот, то ест подражавањето и преобликувањето на стварноста, додека поезијата е односот кон таа стварност даден како своевиден поетски коментар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бидејќи во Турција не се признаваа нации, туку вери, а овие беа олицетворени во признатите автокефални цркви, основањето на Бугарската егзархија го наложи и административното воведување на бугарското име за сите поданици на султанот што се приклучија кон таа единствена словенска православна црква во границите на Турската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа значи скицирање на алтернативна иднина и сценарио за политичка акција кое може да нѐ одведе од сегашноста кон таа иднина.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во пост-комунизмот е во тек една идеолошка и нормативна трансформација, и овие есеи придонесуваат кон таа саморефлексија на пост-комунистичките жени.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Нејзиниот здив, насочен кон таа една точка каде што вратот му се спојува со рамото, му носи единствено чувство на возбуда и смиреност истовремено.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се стрча кон таа насмевка и со двете раце ја гушна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не можат да замислат успешен писател, творец, а да е без јасно изразена љубов кон одредена политичка партија, то ест кон таа што лиферува најмногу луѓе во извршната и законодавната власт.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Еве, на пример, како приоѓав кон таа моја зграда што беше веднаш тука кај последната станица на Деветнајската.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во меѓувреме Пакард започнал со создавање компјутерски симулации кои покажуваат дека сложените адаптивни системи се склони да еволуираат кон таа граница по пат на природна селекција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Наеднаш во него зовре гнасењето кон таа кобна муцка и тој сега мораше да стори сѐ, за што имаше сили, само да го испади од тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат на една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат за една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Натпреварувачката страна нема значај, но целата работа е мошне, мошне пластичка, а тоа веројатно е она што ме привлече кон таа игра.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Наспроти постоечките историскоуметнички поделби, создадени за снаоѓање во културната традиција, одредувањето на диферентиа специфицае на Дишан-овиот прилог кон таа традиција и понатаму останува недовршена работа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се сметаше дека првиот чекор кон таа повисока цел беше создавањето јазик за сите од сите јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
9 Старделов исто така упатува кон таа споредба: „Кон тоа некои подопирливи асоцијации што неговага проза ги предизвикува како облесок на прозата за една друга идентична револуција (Бабел, Пилњак, Всеволд 9 М.Друговац, ибид. стр. 93. Иванов) тоа сознание уште повеќе го задлабочуваат.“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
10 Митрев, исто така, упатува кон таа паралела, наоѓајќи објаснување за нејзиниото постоење но и за квалитетот на воздејството што кај Чинго го врши угледувањего на светската лигература: „Но колку и самороден талент, Живко Чинго не е и без угледување на други автори (...) Чинго знаел и како да го прифати туѓото без да му изневери на своето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го виде тој гавран со прострелени очи и се сврте кон таа една Марија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Душичето - растреперено славејче - миговно посакува да летне кон таа непозната светлина...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Селото е свртено кон јужната страна, се пече на сонцето: кон таа страна се свртени и дрвјата со своите плодови и гроздовите и житата и сончогледите и секоја билка и тревка.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Со тој вид на литература тој се користеше, може да се каже, експериментално: во 20-ите години кон таа форма се обрати Набоков- поетот, а во 30-ите - Набоков - прозниот писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
* ... Во оној ден пред сам примрак, од две спротивни страни кон таа колиба одеднаш одеа двајца. Другиот уште беше далеку.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Дури спремен сум да поверувам дека кон таа цел можеби и несвесно ме туркала и некоја од потребите случајно искажана од Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој, во чудниве мигови на занес, дури и ги наслушнуваше одѕивите на своите чекори што го водеа веќе кон неа, кон таа висока и светла градба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И на однесувањето на татко ти кон таа приказна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Уште повеќе, тоа би ја изолирало грчка Тракија од другиот дел на Грција и може да ги стимулира бугарските, македонските и можеби турските претензии кон таа провинција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како второ, тие сугерирале неколку форми на македонска автономија, во рамките на можна федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)