Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Презирот кон секоја каприциозност на власта, историјата, па дури и судбината, го чини исклучителен напор на овој човек да ја достигне идеалната рамнотежа, идеална во однос на овие средновековни услови што владеат кај нас.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Единствената работа што го интересираше Сујак, беа кожите: кон секоја се однесуваше како кон живо нешто, како секоја да ја има внатре душата од животното: кога ќе му ја донесеа кожата луѓето, ја пофаќаше полека, ја вртеше, ја мазнеше со раката по влакното, по крзното, проверувајќи какво ѝ е и дали е некаде дупната кожата при дерењето, дали е веднаш донесена по колењето или е држана неколку дена, та започнала да се смрдува и црвосува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можеме да тргнеме на пат кон секое избрано место во информацискиот универзум. u Ако не низ Нелсоновите синџири на продавници, тогаш како?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Јас имам изграден однос кон секоја изненада што ќе ни ја приреди телото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Станува збор за правила што мора да ги почитуваме – очигледно ме исмева мојата поубава половинка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Штом ќе ја насетам болката, или ќе се појави некој проблем во врска со здравјето, најнапред одам на лекар а потоа постапувам според неговите наоди и совети. Ништо друго.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Франција му беше пример како земја со основна католичка традиција, во која се признаваше протестантската, еврејската и муслиманската димензија, како и волтеријанската (атеистичка) реалност, мошне претпазлива кон секоја религија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тоа верување сум ја вложил и сета смисла на моето пишување... Со моја особена почит
Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А и таа поврзаност на утроба со детето е чудна работа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите мајки ги носеле своите деца во своите утроби, па одново секоја мајка поинаку се однесува со своето дете, поинаку се однесува и една мајка кон секое од своите деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Првата: одговорниот однос на Монахот кон секој запишан збор како и сериозното проверување и преиспитување на секој понуден податок.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нејзината љубов, нејзината грижа кон секое од нејзината чеда, се одложуваше, односно се одолговлекуваше, во зависност од нејзината природна процена, колку му беше потребна на секое од своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)