кај (предл.) - свој (прид.)

Брзаме кај своите, да се измиеме и да се преслечиме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си ја помина Толе кај светијованите ноќта како „господ шо рекол“, како кај свои луѓе, а Трајко не ги забележа изутрина модрите венци под Митрините очи, ниту му текна да и погледа под затилокот на вратот и под гушалчето на гушата за да ги види белезите од Толевите заби, нити забележа дека Толе дреме крај оган. Тоа не е негова работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај вас, во Потковицата, ме испратија Ончевци, (делениците Акиноски кои живееја во Солун по стрикото Максимов Онисми, нагалено Онче, се викаа Ончевци и таму, во Солун, го држеа Бошњак Ан), тие ме испратија кај своите деленици во Битола, а тие овдека, на Имотот, за да го засолнам чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Штом заминаа Кети и Милан, таа отиде кај својата клупа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неколку пати дури и одела по десетина дена да седи кај своите родители и пак се враќала кај него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Немала деца, и потполно ѝ се посветила на внуката, ја научила да говори англиски и француски, ѝ дала да чита и популарни романи, но и дела од Олимп де Гуж и Мери Волстонкрафт, малку предвреме за да ги разбере во потполност, но сосема навреме за да се определи да се бори за правата на жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога Клара се преселила кај својата тетка, таа тукушто станала вдовица и се вратила од Лондон каде живеела со својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го праша Петре Ивана како до далечната земја се стигнува, по кој пат се оди, по која ѕвезда се вјаса кај своите во пуст Зеланд да довтаса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Разумно и чесно го осудуваше национализмот и кај другите и кај своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа е чудно зошто во оној ден, кога појдов како и секој празник кај својата свршеница, неочекувано стасав во еден непознат кварт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На брзина ќе се облечам и празнично свечен ќе појдам кај својата свршеница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе појде кај својот началник кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско. Еден сигурен крај, ништо повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И немилосрдно заклучи: „Оваа беше краткотрајна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн помисли дека се вратила кај својот прв сопруг, нејзин школски другар од средно училиште, со кого тајно се венчала уште кога таа беше малолетна, а кого по две години поминати без љубов го напуштила за да влезе во својот втор брак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Припаѓаа на три вери, беа рисјани (православни и католици) и во голем број преобратени во муслимани, без да бидат тврди во ниту една религија, повеќе од различните вери најмногу ги поврзуваше албанството, стапуваа често во мешани брачни заедници, не познаваа верски судири во историјата, видни дејци, интелектуалци, писатели, живеејќи во туѓина повеќе беа прелеани со клучни вредности кај другите отколку кај своите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секогаш кога ќе го почнеше разговорот за тоа дека е крајно време да ја одведе кај своите, да ја запознаат, да ги запознае - тој одговараше дека нема време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ѝ преплашена, ги остави жените и децата во одајата и бргу отиде отаде кај своите невестински ковчези.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зар можела да се врати кај својот татко, Добре, најдобриот човек на светот!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Оди меѓу ранетите право кај својот ранет кој гори од жед.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СУЛТАНА: Симни се од нас жено божја. Оди кај својата мака. (Пауза) Чекав да дојдете. За да си одам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Така и се разделуваат со Чана, таа оди кај својата Митра со Дончо за рака оти не може да го крева, а Пелагија останува со нејзината Пеличка да се сместат на сламарникот што е наместен врз големиот ковчег во кој го донесоа телото на дедото Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо ги покрива забите, лесно скокнува до Пела, се погалува околу неа и си заминува на кај својата куќичка. Бате Дончо, зошто така се пулевте со Мурџо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)