Обврската за исплата на надоместокот на плата, поради горенаведените причини, кај работниците, кои со договор за отстапување преку Агенциите за привремени вработувања се отстапени кај работодавач - корисник паѓа на товар на работодавачот - корисник (чл. 1 од ЗИДЗРО/март.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова дејствие, што и според мислењето на судот, е сосем нормално и очекувано за еден синдикален лидер, подоцна – во писмениот одговор на тужбата која следеше – е оквалификувано дури и како вршење „негативна пропаганда кај работниците во друштво кое е приватизирано“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)