Кај вратата застана и се осврна назад, но О'Брајан изгледаше како веќе да заборава на него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај вратата застана и се сврте. „Си држел ли некогаш актерка во својот скут, другар началник?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Бидете мирни - рече Даскалот. – Мирни и никој од местото да не сте мрднале. - рече и отиде кај вратата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
ЉУБА: Гледај, колку е чудно: Марфа се прикрадува кон нас од кај вратата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зашто може да се случи и да ми се налути кога не знае. (Кинисува и пак кај вратата подзастанува, се мисли).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајката Роса е разговорлива жена, исто толку е и внимателна слушателка, ама сега смета дека претерала во сѐ па затоа стана и извинувајќи се што толку многу се задржале, тргна на кај вратата, а по неа, зацрвенета во лицето и Деспина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Минал денот, па уште еден, и тој ѝ се заблагодарил кај вратата и рекол дека мора да замине, дека ѝ е длабоко благодарен за мелемите, негата и храната.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)