кај (предл.) - валија (имн.)

Сите треба да одиме кај валијата16) и да му го честитаме родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го повикал валијата кадијата и му вели: лекарот ќе го ставиш да биде писар, писарот судија, судијата лекар, а ајвандокторот учител.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По пет години, младите луѓе се вратиле од студиите во Франција и по наредба на Султанот одат кај валијата да им најде работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Утредента наутро, без двоумење, Стефан отишол право кај валијата и му раскажал за засолништето на Марко.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еве, и јас веќе бев кај валијата и молев за ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кај валијата, на султанот му потурија да се измие во биљурно коритце од сребрениот ибрик украсен со драги камења што го направил некојси Ибн Пајко, тогаш рисјанин, а сега само Мурат-ага, му рекоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Жени, рекла игуменијата Минадора. - Месете погачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека нѐ држат нозете ќе одиме по нашите мажи. Потоа ќе појдеме кај валијата и ќе се жалиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)