кај (предл.) - брат (имн.)

Дигна ли рака на мене, само една шлаканица да ми удриш, знај оти таа декика си ода кај браќа ми, а ти т'чи си а главата со децата како знајш, — му рече Доста на Илка кога навистина еден ден по една голема Митрина тужба Илко ѝ подвикна и нарипа и тој да го последува брата си Стоја — да ја удри Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шмајзерот го оставив во спалната и до него ливче на кое напишав дека јас тој и тој, другар командире, си одам кај браќата кои крвават и на сабајле, во мугрите фатив пат за Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По матурата Марсел Дишан заминува за Париз кај братот Гастон.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разменувавме мислења за импресионизмот, кој тогаш беше револуционерно уметничко движење...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаше моменти, признавам, кога би отишол до С, кај брат ми Борко, само да се сетеше да ме покани. Никогаш не ме покани. И сега, место јас, тој дојде кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И таа навистина остана кај братот на Борко, кај Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како и кај браќата Чепмен станува збор за, сега функционално фокусираната, експозиција на сленгот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нејзината критика често се сведува на директна blow up експозиција на статии од весници наменети за мажи, какви што се „Daly Sport“ или фамозниот „The Sun“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)