кај (предл.) - себе (зам.)

Тогаш садриазамот се подисправи во седлото на коњот и со слободната рака, во другата, во десната, го држеше јатаганот, го извика кај себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Тогаш јас би сакал непремено да имам некои кај себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Комитетот како трајна организација, се плашеше да пушти кај себе рамноправни членови од другите народности, од Словени србомани и гркомани, или пак и само со српско и грчко образование, од страв неговите тајни да не им станат достапни на балканските државици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас бев подготвена да ги изменам и подобрам работите кај себе, меѓутоа, колку што направив, ни толку не заслужуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас, лично сум несреќен. Се негирам себе си, негирам дека нешто сум негирал кај себе и кај другите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Верувала дека Господ го прибрал кај себе синот нејзин, ангел го престорил, за да му служи. Нему и на Небесата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој тоа може да го знае?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Една претерана, залижана учтивост, која ја препознавам кај себе во ситуациите кога глумам „правилно“ однесување, а во исто време знам дека е фалшива.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рече: „Што бидува со сила, одговори ми. Што бидува ако човечката душа не ти ја отвори сама вратата и не те повика кај себе?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаеш ли кој ја има библијата кај себе?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите тие селани вечерта добро го разбираа зборувањето на неговиот Брат, тоа ги тераше да се ломат во себе, но, како за несреќа, таа вечер ниеден не се призапиша во задругата; се разотидоа пак молчејќи по сокаците, а Змејко го зеде својот Брат кај себе, го одведе дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го зел со себе и го повел во царските дворови.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќето од прашаните одговарале дека сакаат полна кола со златници или пак ја барале златната царева кола.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По долги години, еден од дворјаните, за да му се додвори на царот, му ја кажал вистината дека неговиот син е со чергарите, а тој што го има кај себе е од циганската черга.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)