Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како веќе да има чиракувано кај некого.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ѝ објаснуваат; - сигурно ќе продолжат кај некого дома, во тесен круг. Тие се интимуси. Вечерва е жртва авторот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)