како (предл.) - таков (зам.)

128. Иако Мисирков зборува и одделно за Срби и за Хрвати, сепак повеќепати двата народа ги смета како еден во типолошка смисла, како што и српско-хрватскиот јазик го сфаќа како таков. 129.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како таква, таа е опустошувачка за неколку пати повеќе од обичната војна!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, јазикот е главно физиолошко – психолошка способност на човекот и како таква зависи од сѐ што прави да се менува човекот, т.е. со развивање на еден човек и еден народ се развива и неговиот јазик, со нивното опаѓање – опаѓа и нивниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И дали сите дојдени Србо-Хрвати останаа како такви или дел и од нив се побугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа нешто е вештачко и како такво ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)