Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нема каде да умрам. Смртта е населена од суштества.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Каде да ја најдат? Па таа цело време се крие по планињето и само ноќе поминува низ селата колку за да се најаде и да се стопли и наспие и тоа секогаш го прави скришум од народот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Гласници, јавнати на коњи, трчаат на сите страни и со вик и камшик, кажуваат и покажуваат на каде да се оди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Всушност, каде да се намине во градот, човек среќава акчии и малебиџии; без нив не може да живее овој град, зашто се и една од неговите специфичности.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Каде да се најдеме?“ „На Плоштадот Победа, кај споменикот.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Веројатно да го пополни колебањето дали и каде да седне, заклучи авторот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
АНЃЕЛЕ: Каде да сакаш да одиш, никој потаму стапи не ти вели.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ИЛИЈА: Некој иде... Каде да се сокријам?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите: – Не се волови – ангели, што ги викаат каурите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште веднаш ми дојде да повратам, но морав да се воздржам затоа што Дино и јас немавме каде да живееме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Изгледа беше нормално да се качува на масата и да јаде од чиниите, дури и кога беа полни со нечија крв.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Понекогаш по улиците и нема место каде да се фрли некој отпадок.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
О, собери го семето расеано по светот
на сите четири, шест исконски страни
макар подлажи го дека има
каде да се врати!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако, се разбира, знаеше дека Петрович и за осумдесет рубли ќе се нафати да сошие: меѓутоа, пак од каде да се најдат тие осумдесет рубли?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)