зад (предл.) - затворен (прид.)

Откако ги прочитав овие податоци, се загледав во сликите, кои даваа исечоци од она што можеше таа вечер да се види зад затворените врати на театарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега почувствува мирис на праз и кромид, а зад затворената врата во кујната го слушна шиштењето на шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зашто знаеше, покрај учењето, што се крие зад затворените врати на студентските соби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зад затворените пенџериња уште беа спуштени тешките, дебели пердиња, а во малиот двор, градинката и колјата, пред нивната куќа - ништо не се меркаше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Божем некој стои зад затворена врата, некој што ги купува нивните мали недоразбирања, марко Проказник се наведна кон момчето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)