Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно утро, една година по заминувањето на Рајнер, додека се приближував кон неговиот дом, го видов како стои зад прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од столицата на која седев и од која не станав цела ноќ, видов како зад прозорците се пробелува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И само шушлакот шуми во тишината на зимата шушти легајќи по сувите лисја како да иде од некое друго време што повторно ќе попаѓа по тревата пресушена по виделото што се повлекува зад прозорците во топлината на пролетта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Не виде немиена чинија, ѕидовите малку беа исчадени, но никаде немаше ни најмала пајажинка без кои селските куќи најчесто не се – ни по аглите на таванот ниту пак зад прозорците.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)