Оти, не за бадијала мариовките велат „разбој — разбола", а „вурка прошетка".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ами, разбери се еднаш и не праќај го аскерот да лупа за бадијала.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најпосле бегот воздивна тешко:
„Да ти кажам сега зошто те викав и дека овој долг муабет не беше за бадијала, иако мене не ми беше лесен, да знаеш.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Толкумина ги имаат оставено коските по планините и сѐ за бадијала.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А Жиово е на четири километра од Витолиште и дури да пристигне Сефедин од другите села, Толе можеше навистина да му припука ноќта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А тоа чкрапнување не е за бадијала, (се чешка со прстот пред срцето) некој молец го јаде овде. (Оди и се гледа на огледалото.) Пак што, од мене поубаво ќе најде?!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)