И вака, исто: не маргина на некоја овдешна “културна сцена” (бог да      чува, нека си останат залепени тие зомбии, спржени за “централноста” на      своите интерни рефлектори), туку Маргина воопшто, обид да се подрива,      грицка и дестабилизира (на најперфидни можни начини, од правење џева      со клик-клак до пуштање чучулиги на сувереното небо) идејата за централно,      со што, парадоксално (и тоа е страшната историска перфидност на сите      вакви проекти) централното (државно, идеолошко) само ќе се зацврсти,      бидејќи го тестираат моќните герилци што занает учеле од Total Recoll!
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 1“
              
              (1994)