за (предл.) - цел (прид.)

Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои паднаа на оваа „квака“ – по што, по краток временски период откако беа вратени на работа, повторно беа избркани на улица!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По дознавањето дека е утужен, работодавачот реагира различно спрема конкретни поранешни вработени, обидувајќи се да ги компромитира и да внесе неслога меѓу нив – па така, на некои од нив им понудува да ги врати на работа, а тие за возврат да ги повлечат тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Само со едно вдишување на тој воздух човек би можел во себе да предизвика радост за цел живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Му зборував за важноста на Маказар за целиот крај, за неговата историја, дека ништо никој никогаш не направил, а дека секогаш, макар не многу, само се земало, дека луѓето се селеле за подобар живот, од немање, еве вакви услови, реков, од немање вода, струја, телефон, пат асфалтен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под носот, устата никако не му се затвори, за целото време ја држеше во полунакривена насмевка, та му се гледаа забите, за чудо бели, па и добро подредени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бунарот беше од мене, со благослов божја, за целото село каде што сум растел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во кампот на „Сани-бич“ нѐ пресретна една млада и убава црномуреста Гркинка, која ни рече дека сѐ е распродадено за цело лето - на Германците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа право е недискутабилно за професорот, како што е недискутабилно и за неговите студенти, односно за сите други, само во онаа мера во која за целото општество вреди како саморазбирливо дека осознавањето, човечкото знаење, дури културата како таква, е нешто по својата природа достапно само до елитите, значи нешто што во есенцијална смисла е одвоено не само од општеството туку во крајна линија и од политиката. 40 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако се помести за четврт влакно... да се мрдне само за микрон, да се погледа низ него, тогаш е готово! доста е! се останува проклет за цел живот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Ама вакво време не добро за бавчите“ „Ти можеш да го пуштиш цревото во бавчата, ама нас дождот може да ни ја задоцни работата за цела седмица.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мислата великодушно му се напрегна за да ја опфати шемата за целата работна задача, со сите нејзини меѓусебни поврзани операции, а кога целата работа му се лизна од менталната контрола, и сега стоеше загубен, се чувствуваше како да беше разбуден од сон со силен удар по глава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стравот пола живот е, па живеам денес. За цел живот да имам. Утре ќе го нема вчера.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И тогаш сфатив дека меѓу уката на чинењето мозаик и уката на преподавањето сказанија – нема разлика, дека и за двете важи истото правило, закон ист: дека не можеш да видиш, да узнаеш, да го созерцаш целото додека сѐ не си дојде на свое место, додека не стигне времето за целото, додека од малото да сочиниш поголемо, а од многуте – едно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сакаш уште? Има многу!” – сестрите се радуваа поради тоа што можеа да ги подмират нивните желби . И тие тоа го запаметија за цел живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кон таа крв чувствуваше некаков зазор, дури и Мојсеј, кој на еврејскиот народ му бил ослободувач, законодавец и основач на верата, го прогласуваше за не-Евреин, а од секоја негова реченица во која се наоѓаа не-Евреинот Мојсеј и Евреите, можеше да се почувствува што тој чувствува кон не-Евреинот, а што кон својот народ: „Како е можно еден единствен човек да постигне такво нешто, од индиферентни поединци и фамилии да формира народ, да му втисне конечен карактер и да му ја одреди судбината за цели милениуми?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот од „Мојсеј и монотеизмот“, брат ми ги обвини Евреите и за страдањата кои ги имаат претрпено низ милениумите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаш влијателни пријатели и овде и во светот, можат да ти издејствуваат да добиеш излезни визи за онолку луѓе за колку што ќе побараш. Побарај за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За целото време Ѓорѓе не прозборе ни збор. Погледот му беше закован на полуотвореното деколте на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имам љубов за целиот свет. Не можам да бидам себична и да се сконцентрирам само на еден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Татко, како и секогаш, занесен во читањето, само се сеќаваше дека купоните за цел месец ги беше оставил во една книга, но не се сеќаваше во која.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаеше татенцето, ако сакате некого да казните, ако сакате прописно да го казните, за целиот живот, тогаш разделете го од она што му е најмило.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас се израдував што ќе го видам Косово, каде што цар Лазар војувал со турскиот цар Мурат, па ќе ја видам црквата Грачаница, каде што царот ја причестил војската.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Читајќи ја српската историја и српските песни ми останаа во сеќавање за цел живот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тука се чувствуваше вообичаениот мирис на варена зелка, заеднички за целата зграда, но беше некако пресечен од едно уште поостро испарување на пот кое - човек го знаеше тоа штом ќе го почувствуваше, иако беше тешко да се каже како - му припаѓале на некое лице што не е присутно во моментот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во претходниот квартал, според него, производството на врвки за чевли го надминало планот од десеттиот тригодишен план за цели деведесет и осум проценти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До мене е папката со сведоштвата, документација за цела една повест.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што за целата своја должина ми го сви 'рбетот кон земјата.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Вистински слуга божи е оној што може да застане на алтарот и да отслужи света литурѓиа“, повторуваше тој за целиот свој живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ваквиот невообичаен дизајн не му промакна на мојот класен раководител Драган -по- математика, страв и трепет за целата моја генерација од центарот за насочено образование „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Години поминаа. Димче и Павле завршија и високи школи, но нивното другарство остана за цел живот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Целата работа, значи, се движи кон процесирањето низ DSM-III поради наплата на осигурувањето, а осигурителните друштва исто така се свесни за целава ситуација, додека пациентите и роднините не се баш.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа, секој секого лаже додека, едновремено, друштвото ги сакати луѓето кои навистина се ментално вознемирени.  Дали мислите дека и една обична личност може да биде зафатена во еден таков систем?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со голема почит и совест се однесуваме кон сите историско - културни знаменитости - што се гордост не само за Крушево, туку за цела Македонија, и за сите Македонци во дијаспората.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беличот за цело време молчеше.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А сега инвалид, со две патерици и со горчина во душата за цел живот!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како можеме ние на оваа сиромаштија да имаме мрсно јадење за цела година“) Значи, тука беа запишани сите празници што за него имаат некакво значење, религиозно но очигледно и економско.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Аман, рекле жените, името се дава за цел живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без дете си малку за целото презиме, што се вели, не си втасуваш самата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Турските статистики, како за цела Македонија така и за Солун, не се сигурни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- А колку се потребни за цел автобус? - праша Цане. - Многу.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Ќе имам злато за цел живот!“ - си мислеше задоволно враќајќи се кон старецот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)