за (предл.) - технолошки (прид.)

Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците на парничната постапка, во износ од 3.000 МКД (50 ЕУР), исто така паднаа на терет на Млекарницата која во целост го изгуби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера во фабриката беше прилично напната: работното време не беше стриктно почитувано од страна на генералниот директор (Г. Рафајловски), потоа работниците беа преместувани од едно работно место на друго по негова желба и сл. – што значи, можеме да констатираме дека, практично владееше еден вид на несанкционирано самоволие на директорот, како да оваа државна фабрика небаре е негова приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот настана кога Ангелеска, во декември 1996, со решение за престанок на работниот однос, беше прогласена за технолошки 188 вишок – но, не и беше дадена испратнина (отпремнина) која законски ѝ следуваше, во износ на 12 месечни плати, како и пет заостанати плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оштетената работничка, после добивањето на спорот, заедно со останататите оштетени работници/чки, доби право да се пријавува во АВРМ по основ на прогласување за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)