Нејзините две мали деца - моите други братучеди, исто така машко и женско - се тискаа зад неа и се обидуваа со љубопитните очиња да ме измеркаат отаде нејзините грамадни раце.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
До него на клупата лежи гајдата, не како да заспала, ами како да смислува нови свирби и писоци, сладосни извиви за попладневното оро.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)