за (предл.) - подоцнежен (прид.)

За идеографското писмо обично се зборува како за подоцнежен стадиум на развој на пиктографското писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
До правосилноста на меѓупресудата судот ќе застане со расправањето за износот на тужбеното барање (чл. 316, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Аполинер во тоа време не беше славен, и реченицата ја претскажува славата што тој денес ја ужива, бидејќи неговите песни се сочувани за подоцнежните генерации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така реченицата би можела да гласи: “Any poem read by a tenor is saved”. (Секоја песна прочитана од тенорот е сочувана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе откриеш дека ако попрв ги видиш другите, тие нема да те видат тебе, а ова ти овозможува време за набљудување, или материјал за подоцнежна употреба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)