за (предл.) - опасен (прид.)

Се разбира, немаше никакви аргументи поимот баклава да биде прогласен за опасен и со оглед на неговото присуство кај сите балкански, медитерански и азиски народи во некогашниот состав на Османската Империја, но речиси и во целиот свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Раскажуваат страшни приказни за опасен стаорец што во најмирните ноќни часови тајно ја напаѓа населбата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Татко и Камилски беа во прекрасно, победничко расположение, дојдени до крајот на мисијата, коешто тешко можеше да го разбере некој друг, освен тие двајца.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да не се определуваме однапред за опасни турцизми? Сакаш да речеш: опасни и неопасни?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Византијците зборуваа само за опасните за нив варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трајко бил напрек човек, секогаш намуртен, носил награната гуња, со кубур и долг нож во појас, па таков наоружан влегувал во пазарите во град Куманово, каде му се склањале од пат каурско и турско сметајќи го за опасан.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Камилски претпоставуваше дека брзо ќе ја решат судбината на овие два збора, коишто, според него воопшто не можеа да се сметаат за опасни, така мислеше и Татко, но за него расправата не беше завршена, туку таа дури сега почнуваше: Има зборови кои ја имаат моќта на метафори, со неколку од нив може да се раскаже дури и да се опфати историјата на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)