Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Толку колку што се сеќаваше на неа, не ја сметаше за необична жена, уште помалку за интелигентна; па сепак, во неа имаше некаква благородност, некаква чистота, просто затоа што стандардите што таа ги почитуваше беа лично нејзини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Приквечерината е за необичното, ноќта е за необичното. Преминува горештината.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Знаете кои беа нештата што тогаш ги сметав за необични и ретки?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)