за (предл.) - материјален (прид.)

Во првичното значење во турскиот јазик поимот kudo го забележа како проводаџија, посредување при женидба, но и како никаквец, озборувач, додека во другите балкански јазици значењето се пренесуваше со различни нијанси на дејство на пренесување на лошотии од кодошот за друг човек, најчесто за материјална корист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
•  2008: донесување на посебен закон за стечајците, но со доста ограничен опсег (Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се разбира, за него сите учители и побудните и заможни граѓани претставувале опасност за Царството: првите како главни раководители на револуционерното движење, а вторите ги сметал за материјална потпора на истото.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако овој проблем се среќава во повеќе формулации, во поедноставена форма тој се сведува на прашањето: Дали постои и ако постои од каков вид е врската помеѓу она што се случува во духот и она што се случува во телото и неговата физичка средина?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Всушност, станува збор за тоа дали и како феномените на духот (според некои автори феномените на свеста) би можеле да се протолкуваат со поимите за материјалните феномени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нејсе, по уводот за материјалната состојба, недвижнини и друго, политичката припадност како бајаги важна за основање на една врска, сексуалните способности - самооценети како брилијантни, ликов поминува во експлицитно прикажување на она што има по џебови, придружено со сликовито објаснување како доаѓа до купчиња евра, денари, франци, распоредени во различни џебови од мантилот и костумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Платите и надоместоците се намируваат како обврски на стечајната маса (чл. 166, ЗС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)