за (предл.) - затезен (прид.)

Основниот суд Битола, преку истата судијка – по четири одржани и две одложени рочишта и по измината околу една година, во ноември 2006 – одлучува повторно во негова корист и го задолжува тужениот, да му исплати сума од: а) 12.732 МКД (210 ЕУР) како К-15, и б) 168.300 МКД (2.760 ЕУР) на име разлика за недоисплатена испратнина, зголемена за затезната камата, и плус да му ги надомести парничните трошоци во висина од 35.360 МКД (580 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Паралелно со оваа опишана тужба, Божиновски, како што веќе беше споменато – по отказот, добиен во јуни 2005 – преку истиот адвокат, поднесува и нова [втора] тужба, но сега по други две основи: – прво, неисплатен регрес за годишен одмор (К-15) – за овој прв основ интересно е тоа што, за време на судската постапка, работодавачот ја криеше завршната сметка за претходната година и лажно изјавуваше пред судот дека, поради наводна загуба во работењето, на никому во фирмата не бил исплатен ваков регрес. – второ, недоисплатени плати како испратнина/отпремнина, по основ на прогласување за „технолошки вишок“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа сума беше зголемена за затезната камата, а во поглед на парничните трошоци, откако нивниот полномошник изречно не побара трошоци (!?) беше донесено решение – секоја странка сама да си ги сноси своите трошоци, иако тие успеаја во спорот и го добија во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој втор основ на тужбеното барање го темели врз правото стекнато преку Колективниот договор во кој се вели дека работникот има право на отпремнина од 12 месечни плати, иако според Законот му 266 следува минимум осум плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со пресудата МЦ, како тужен работодавач кој го изгуби спорот, беше задолжен – во рок од 15 дена по правосилноста – на секој од сопарничарите да му исплати сума во вкупен износ од 63.100 МКД (1.035 ЕУР) на име незаконски скусена патарина, и тоа за период 135 од вкупно 17 месеци, односно скоро за година и пол по околу 60 ЕУР месечно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)