Поради реткоста, кршливоста и кратковечниот квалитет на делата на Дишан, секој обид тие да се изложат на разбирлив начин (надвор од непосредните рамки на колекцијата Аренсберг, во Музејот на уметноста на Филаделфија) неизоставно се потпира на реконструкции, реплики, копии и едиторски трудови. (2) Ова особено важи за редимејдите, од кои повеќето биле сметани за безвредни па затоа и исфрлени (дури и од самиот автор). okno.mk | Margina #4-5 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На сличен начин, во следната просторија од изложбата, познатото „Велосипедско тркало“ (1913 ) на Дишан, кое како и „Полицата за шишиња“ исчезна по кратко време од своето настанување, беше претставено со реплика на Линде, направена во 1961 год.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)