за (предл.) - академски (прид.)

Затоа, сакам да ја искористам оваа можност јавно да им се заблагодарам за смелоста и за бестрашноста на Џон Витиер-Фергусон, кој тогаш беше директор за додипломски студии на Катедрата за англиски јазик и книжевност; на Линколн Фалер, кој беше шеф на Катедрата за англиски јазик и на неговата наследничка на тоа место, Сидони Смит; на Роберт Овен, кој тогаш беше продекан за додипломско образование на Колеџот за книжевност, наука и уметности (КНУ); на Теренс Мекдоналд, кој тогаш беше продекан за академски прашања на Колеџот за КНУ, а подоцна и декан на Колеџот; на Ненси Кентор, која беше ректорка и извршна потпретседателка за академски прашања на Универзитетот на Мичиген; на Ли Болинџер, кој беше претседател на Универзитетот на Мичиген, како и на службениците и на другите вработени во нивните служби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)