И тоа што Јанческите не знаеја или не сакаа да кажат како изгледал и што зборувал ајдутинот, (Велеа од што биле обземени од жал за стрика Анѓела и од што се стаписале од страв кога влегол ајдутинот низ Мала врата сега додаваа сам си отворил, не виделе како изгледа дури одвај и разбрале што им зборува), и тоа што не лавна ниту пес и што не шавна ништо друго што е живо, и тоа што утрото не се најдоа никакви траги ниту од Бошета ниту од ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За стрико Благоја сепак беше јасно - им помагаше на партизаните, ги примаше на конак нивните курири, агитираше кај луѓето за нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Меаната секојпат е отворена за стрико Грујо, - рече момчето и ги поведе гостите внатре...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Токму затоа постарите домци измислија посебно име за стрикото Лентеноски, го викаа пустиник на годишните времиња.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За стриковците и стрините, за вујковците и вујните не знаеше многу, освен дека едните се од едниот, а другите од другиот сој.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)