Изградив кула од зборови  Со златни кровови,  Со бели дворови,  Изградив кула од зборови  Во кулата ширни одаи  Во одаи занесите мои,  Од виденото и сетеното  Од тајното и сокриеното:  Една одаја за гревовите,  Една одаја за зборовите  Третата за стиховите,  Во темелите стремежите и надежите,  Под нив тагата и прелагата,  Најдолу душата и снагата.
               
             
           
            
            
              „Сонети“
               од Михаил Ренџов 
              (1987)