Пред очите му се враќаа сликите за сиромаштијата во куќата во која живееше Марија. Нејзината мајка. Нејзините сестри.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
О, боже, каква радост на сркањето, на џвакањето! ,Тешко на тој што не знае за сиромаштија, велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)