Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Дедо беше убав висок човек кој сѐ уште носеше селски алишта што веќе станаа реткост и за селото.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Колку да е тоа грдо за селото, мене тоа, за мојата работа, ми се гледа извонредно погодно. ***
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тука е и крај на записов што не е и што не можел да биде расказ за селото на каков нѐ научил нашиот писмен мислител.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој далечен живот, сега, наеднаш, криеше толку многу примамливости за него, што тој веќе почнуваше и да сонува за селото и за сите луѓе во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа ми има зборувано само за селото Бањи. И тоа онака, патем.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Селото го паметела како значајна станица на патот што го поминала од полето кон нашава куќа кога војникот на бел коњ ја повел кон планинава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По разговорот за ова, за она, за лошите услови во кои живееме, за смртта на Лена, по распитот за нашите селани кои се тука, на крајот посегнува по куферчето и од него измолкнува дваесет и пет листа испишани со негов ракопис: за селото, за некои настани, за разни луѓе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Минуваме низ интересни предели, а тој ми раскажуваше за селата и гратчињата крај кои минуваше возот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Чинго пишува за селото, за неговиот живот, неговите ломови и катаклизми.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Му беше жал за селаните, за селото, а во градите му гореше силен оган од омраза спрема Германците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
МОДРИШЌЕ - ЖЕНАТА ШТО МЕ ПРЕДИЗВИКА Ние го продолживме патот за селото Модришќе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не сакаше да го земе, се расплака и отиде.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)