Се сетив за пушката. Ти знаеш, нишанџија сум, не сум вчерашен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јоле, го гледам, се фаќа за пушката, Сака да го удри.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И не погледнал во нејасното лице на долгманестиот Борис Калпак. - Што е, ти пречи ако поспијам? - Ами, зошто?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бравите пред стап — ноќеска да ја прејдат Црна! — се врекна Толе со дебелиот глас и се фати за пушка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Веќе дланката од десната рака му лежеше на земја, а со левата беше фатен за пушката така што можеше да стане веднаш по Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Почина малку, задржувајќи ја мислата за пушката подгреана, па стана и појде да го пушти добитокот на поило.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој ги одвитка чергите и однатре се истурија бомби и фишеци за пушки.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Два сандаци со бомби, муниција за пушки и револвери и една машина за пишување.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)