59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
               
             
           
            
            
              „За македонцките работи“
               од Крсте Петков Мисирков 
              (1903)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Делото                               на Волошинов за Марксизмот и филозофијата, делото на                               Мукаржовски за семиотиката на уметноста, Јакобсон, Прохаска                               и Леви за преведувањето, сите тие поставија нов критериум за                               основање на теоријата на преведувањето и докажаа дека таа е                               далеку од обична дилетантска трка во која секој што има макар                               минимално познавање од друг јазик може да земе учество;                               напротив, преведувањето, како што кажува Рандолф Кирк, “е                               една од најтешките задачи што еден писател може да ги преземе                               на себе”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 8-9“
              
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
               
                  Содружниците можат да ја донесат одлуката за зголемување на основната главнина само по усвојување на годишната сметка, според којашто друштвото нема тековни и непокриени загуби од претходните години, и по усвојувањето на извештајот на овластен ревизор со којшто се потврдуваат фактите во годишната сметка (чл. 258, ст.2sq од ЗТД).    4.  Основач на трговско друштво е секое [физичко или правно / домашно или странско] лице – кое, заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање ДООЕЛ (чл. 3, ст.1, ал.37 од ЗТД).
               
             
           
            
            
              „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
               од Димитар Апасиев 
              (2011)