Средства за одржување чистота, огрев, — такви рзботи не беа познати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што се однесува до проблемот на хиперпродукцијата, кој во нашето општество е латентен уште од развојот на машинската техника, тој е решен со изумувањето на постојаното војување ( види Глава III ), кое е исто така корисно и за одржување на моралот на населението на потребното ниво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го совладувавме овој зажарен трупец, некогашното дрво, стебло исечено токму од местото каде што живееше, а сега струполено, изгорено, навлегува во легендата за одржувањето на топлината, огнот на слезеното сонце, сликата на неговото земно живеење.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Татко можеше да наведе уште многу примери од јазичната сфера, за распознавање на заедничкото во доменот на зборовите како основа за одржување на меѓусебната толеранција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, тоа што ова тело функционира принудно и автоматски, под примат на програмите за одржување на видот, не значи дека функционира помалку правилно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ете, можеби, тоа ме оставило повеќе од петнаесет години да молчам и да го голтам она што ќе ми се подаде како финансиски средства за одржувањето во живот на списанието за уметност СУМ.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За одржување на редот и мирот во Македонија Кралството СХС ангажирало голем број војници, жандари, четници, граничари и други паравоени вооружени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 3 октомври 1929 Кралството СХС го променило името во Кралство Југославија, а територијата на Кралството била поделена на 9 бановини.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Обредот беше фантастичен, посебно делот кога симболички телото на мртвиот се претвора во предмети кои служат за одржување во живот; тоа беше еден вид реификувана реинкарнација, и многу ме возбудуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Беше воведена и една заштитна одредба која предвидува дека присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на асоцијацијата, кој е неопходен за одржување состаноци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
„И рецепти за готвење, и за одржување хигиена - лична и во станот - и тоа е поврзано со чиста и здрава животна средина“, - рече мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Присилно извршување не може да се спроведе на недвижниот и подвижниот имот на синдикатот кој е неопходен за одржување состаноци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)