Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)