- Доста, жити Бога... И тоа го правам, ама обратно. Сѐ наопаку.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Доаѓаа лекари, му даваа инјекции од кои му доаѓаше сон на очи и целата снага му снеможуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го сонуваше отец Лаврентиј: еве го, сам на вечерна ги лови буквите во воздух, додека силен ветер ги позема и ги дува накај езерото, на сите страни на светот, околу големата вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
4. Библиотекарот Филип Филиповски лежеше врзан за креветот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понекогаш го споменува Волкојанецот кој, и покрај тоа што знаеше дека е врзана за креветот, имаше храброст да ја побара за жена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Само една недела подоцна Коста и Јован се сретнаа во болницата во Елбасан. Коста како возач на Високиот, а Јован закован за креветот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И кога овие се приближија, стариот бег просолзи, и се избакна со сите тројца и им подари по две железа за кревети.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)