И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие го најдоа Дамета и го прашаа за комитите, за Комитетот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Мал су за комита, а не сум мал за венчање!“ — со лутина си мислеше кога си тргна од кај вујка си Ѓура.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто ме тера да зборувам, да се отпуштам. Им кажувам на децата за комитите што ме бркаат од дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)