Од едната негова страна имаше плитка длабнатина, во која сега седеше Винстон и која, кога биле градени становите, веројатно била предвидена за полица за книги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Запре на шестото поглавје и започна да чита за епизодата кога со свештеникот водат голема и грациозна дебата за книгите на рицарот Дон Кихот од Ла Манча, кога дел од неговите книги се запалуваат, а останува спасена незапалена само првата книга за ритерството печатена во Шпанија во 1490 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сега живеам за книгите и од книгите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред некој ден, во еден двонеделник за култура и општествени прашања, прочитав за книгата на Виктор Клемперер „Лингва Терти Импери“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Мирко Мики Видоески, ти благодарам за книгата што ми ја подари.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Оди сега. И аферим за книгата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој интерес на Марија за книгите, лекарот го сметаше за многу корисен за неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Покрај издавањето на книги, во читалната се организираа и разговори за книгите, и за разни други теми.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со закана во гласот тој уште еднаш го повтори прашањето и јас безволно одговорив: - За книги. Ме праша што читам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Што ти е тоа во ракавот? - му забележуваш во шинелската манжетна: тоа е уште на линијата од твојата размисла, зашто се работи за книга, а од друга страна го прекинува неговиот монолог за мезето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Беше јасно оти ја бев заслужил оваа голема наклоност на Мајка да се грижам за книгите, по објавувањето на романот Татковите книги, во која се раскажуваше нејзиниот живот, нашиот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка ја кажуваше, всушност, најголемата вистина која беше кажана за книгата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)