Кога се исправа пред седелката, со левата рака држејќи се за дрвото, а во десната држејќи го секирчето, некое време се навикнува на темницата внатре, потоа, кога го здогледува бувот, исправен и скукален сред седелката, го зема со секирчето од страна, оддесно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А-а-а и зимиштево, се одолжи, - мрмореше Светлана, кога влегуваше во шупата за дрва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И јас за дрво си плачам, што се вели, сум дошла од којзнае каде и, овде, во Сибир, ќе го бранам социјализмот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не постои магаре што ќе го врзат за дрвото, а да не си го издрапа задникот од него“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Богами истрчав од канцеларијата. Да не ти објаснував колку ме насмеа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа мислев на дрвцето покрај шадрванот кое и вистински е со одрана кожа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Навистина сфатив! - му реков пред да истрчам - Ја разбрав пораката команданте.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На тргнување Тале му рече: - Еве ти пари за дрвата!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А нешто како широк оган им ги ламушка вршките и се држи за дрвјата, не се попушта. Се шета по дрвјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)