И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)