за (предл.) - војна (имн.)

Маргина 37 59 Конкретните и опипливи докази за постоењето на колежи во бомбарди­ра­ните градови каде што мртвите тела биле запалувани или покопани сега се сведени како резултат на изминати војни, бидејќи крематориумите и термону­клеар­ната вапоризација ги избришаа сите пресметки за смртта и деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Чистата војна“ во оваа смисла реферира на технолошката и психолошка подготвеност за војна којашто моментно ги обликува политичките и општествени односи, и која придонесува кон „епистемо-техничкиот“ начин на осознавање и бивствување-во-светот базиран врз технологијата на војна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред две години во неделникот Форвард читаше за војната што таму се води, особено потресен од суровите убиства што се случиле во планините.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По победата на Рим над Картагина кај Зама во 201 г. пне. Рим ги отпочнал подготовките за војна против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Помислив дека приредбата зборува нешто за Војната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Црвената кавалерија за малку да тропнам. Убаво ќе се посрамотев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За моја среќа ваквата моја мисла никому не му ја продадов. Дури ни на жена ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Песните и паролите не ни беа туѓи. И таму, во далечните романски градови, во кои нѐ одведоа за да се спасиме од војната, само за војна ни зборуваа нашите воспитувачи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, тој на сите им кажа дека е подготвен да ја сподели одговорноста за војната што не ја предизвика и за мирот што е подготвен да им го донесе. Само ако влезе во власта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ко цар Александар дојде на 20 години фаќа му вика: „Ајде да се спремаш за војна!“ Цар Александар му вика.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И удрија Македонците една гајда. Фатија родно оро ситно и ги сокршија сендуцте со нозите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Воденичарот го наслушнуваше шумот на надојдената вода и ги поврзуваше своите одговори со поранешните мисли за војната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секогаш кога се зборува за војна, велат, секогаш има војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе зборуваат така, па пак ќе го свртат разговорот за војната, за грабежите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВЕЛИКА И така: само за војната зборува и само пие. И паѓа, се губи човекот. И мене - да ме ненавиди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама мене за војните уште онојпат ми се кажа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мојата мерка за војната во Ирак беше - едно кафе и пециво.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко редовно ги слушаше вестите. Со гласот на радиото имавме чувство дека ќе патуваме, ќе полетаме, ги минуваме границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден миг, во една информација за војната спикерката на радиото нагласи: Доколку престанат монсунските дождови ќе продолжи бомбардирањето на виетнамските позиции...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проловите, обично незаинтересирани за војната, беа обземени од еден од оние нивни периодични напади на патриотизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малку поповластените работници, кои ги нарекуваме „ пролови“, се само повремено свесни за војната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие не му додаваат ништо на богатството на светот, затоа што сѐ што произведуваат се употребува за војната, а целта на водењето на една војна секогаш е да се обезбеди подобра позиција за да се поведе друга војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си се спремил, како за војна, не дај боже, му реков на Симона кога видов како е сѐ добро складирано и наредено во неговата остава.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Станува збор за борба против окупаторот. За војна. А не за револуционери. И не за некаква револуција – се трудев да дообјаснам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знам, знам дека станува збор за странски филм.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборуваме за војната, а она што нѐ тера да се бараме, го оставаме понастрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)