Кај Цепенков тогаш ја сретнав, од нечија уста прикажана, од негова рака запишана приказната на Караѓоз за свадбата и свадбарите, за свирките и тапаните, за невестата и младоженецот, за благословот и празната рака.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Александар: Ти благодарам татко за благословот твој и за вербата твоја во мојата смелост!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)