A кога ќе купи за новата невеста, ќе купи и за старата, за ќерки му што се одамна мажени, па и за бабата, и сама да се позачешлува, да не чека само на невестите итн. итн.
               
             
           
            
            
              „Крпен живот“
               од Стале Попов 
              (1953)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  А за баба и дедо, бидејќи немаа заби - киселица, по мерка две шепи пченично и по една – ’ржано и пченично брашно и се печеше во черепна под сач.
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Негувателката ја знае целата приказна и многу ѝ е жал за бабата, па, божем чита, ѝ вели: „Сме утнале, баба Надежда, за утре била средбата“.
               
             
           
            
            
              „И ѓаволот чита пРада“
               од Рада Петрушева 
              (2013)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
               
             
           
            
            
              „Молика пелистерска“
               од Бистрица Миркуловска 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Играта нека ти е на прво место, а потоа  грижата за Мама и за баба Перса, ѝ велеше тетка Перса.
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Жал ми е за баба Роса! А и за тета Деспина! Баба Роса  останала без маж, како и ти, а тетка Деспина и другите без татко, како јас, нели мамо?
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Досега многу пати чувте за баба му на Зоки Поки. Но веројатно не го знаевте ова: - дека е тоа најубавата баба на светот; - дека е тоа најдобрата баба на светот; - дека е тоа најмилата баба на светот.
               
             
           
            
            
              „Зоки Поки“
               од Оливера Николова 
              (1963)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Пецета го прогласија за војвода, а Трајанка за баба Ѕвезда, жена во сите села наоколу прочуена по тоа што секогаш ги криела и ги хранела комитите.
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Наша клета баба-мајка  не ште френски думи,  ште тја, братја, лек и билка  да исцери рани. Но нек ви досвршим, братја,  приказ си за баба.  ***
               
             
           
            
            
              „Крвава кошула“
               од Рајко Жинзифов 
              (1870)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
               
             
           
            
            
              „Билјана“
               од Глигор Поповски 
              (1972)