до (предл.) - кај (прил.)

И кажува до кај сме во денот, колку сме далеку од смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
До кај ќе бегаш, сестрице, овие само по крв знаат да одат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А ние знаевме и по нивните чаури до кај се.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш видов до кај се искачило сонцето и од која страна ме грее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)