до (предл.) - ден-денешен (прил.)

Филмот до ден-денешен не е завршен, а тие двајцата оттогаш живеат во Африка, откако купија една огромна фарма во Кенија!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Емисија за историјата на рокенролот, од почетоците па до ден-денешен. Ги гледаме Чак Бери и Бил Хали и Бади Холи и Дејв, Ди, Доузи, Мики, Бик енд Тич...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кај исчезнаа сватовите, каде исчезнаа младенците, кај поштук фатија свирачите, до ден денешен не разбрав, а прашував, и до ден-денешен прашувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)