до (предл.) - твој (прид.)

Епа, јас сум Кинг, а секогаш налетувам на некој Ривс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што се однесува до твојата Партија дозволи да ти речам дека таа ги заборава дури и оние кои ја крепеа. Инаку, кога веќе сакаш да знаеш, јас ја почитувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да си роден во едно планинско село на Македонија и до твојата десетта година само да слушаш дека постојат и други села освен твоето и други луѓе освен оние што ги познаваш!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Ќе одам до Фрио Сити денес, и ќе дојавам утре до твојот ранч.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако не беше така немаше да те почитувам ни тебе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, на пример, чемпресот до твојот прозорец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мигот со тебе И повторно талкам во овие доцни часови до твојот ум, и никако да сфатам дека и да стигнам таму, ти пак ќе ме болиш...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога би била воздух, секогаш би била таму, до твоите усни, да можам така да ги бакнувам нежно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)